🌺 Женски ЗЕМЈОТРЕС Битола - фестивал на свежа домашна музика 🌺 СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ 🗓️ 9 МАЈ
Schedule
Sat, 09 May, 2026 at 12:00 pm
UTC+02:00Location
Битола | Skopje, AR
Advertisement
🔜 ЖЕНСКИ ЗЕМЈОТРЕС БИТОЛА - фестивал на свежа домашна музика 🌺✊🏻 На 9 мај, по трет пат – ЗЕМЈОТРЕС, ама ЖЕНСКИ, во Битола!
💥 Најголемиот фестивал на свежа домашна музика ЗЕМЈОТРЕС се враќа во БИТОЛА со специјално, децентрализирано, ЖЕНСКО издание. Со 13 скопски и 3 битолски изданија зад себе, ЗЕМЈОТРЕС е уникатна платформа што ја става независната музичка продукција во фокус и ја прави видлива и препознаена кај публиката и во јавниот дискурс. ЗЕМЈОТРЕС постои затоа што сцената постои. Различни генерации музичари, поврзани со иста љубов кон создавањето, го одржуваат тој континуитет жив.
♀️ Жените се присутни во музиката – колку сцената е присутна за нив?
👸 Македонската музичка сцена изобилува со жени музичарки чии талент и сензибилитет инспирираат различни генерации. Сепак, социјалните и општествените релации, како и предизвиците во независната музичка сцена, често ја ставаат жената музичар во поранлива позиција, што резултира со дисконтинуитет и исчезнување на квалитетни авторки од сцената. Но, новото време носи нови „гласови“ – силни, резилијентни и автентични музичарки кои го освојуваат домашниот и меѓународниот простор.
🗣️ Токму ова специјално издание на Женски ЗЕМЈОТРЕС Битола има за цел да го претстави ставот и гласот на женската сцена, отворајќи го прашањето за родовата еднаквост во музиката како освестено поле што бара конкретни акции за развој и поддршка. Составен од музичка и дискурзивна програма, фестивалот ги носи најзначајните претставнички на независната сцена и создава простор за дискусија за условите во кои се развива жената како музичар во различни професионални улоги.
🤝🏻 Женски ЗЕМЈОТРЕС Битола се развива во соработка со локални партнери We Pretend It's a City и МИДС Битола и ја носи оваа енергија поблиску до публиката надвор од Скопје - затоа што музичката култура припаѓа и треба да биде достапна за сите.
Женски ЗЕМЈОТРЕС Битола - фестивал на свежа домашна музика е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд
🔜 ПРОГРАМА НАСКОРО.
https://www.facebook.com/SwissEmbassySkopje
https://www.facebook.com/HeartefactFund
https://www.facebook.com/WePretendItsACityBitola
https://www.facebook.com/midsbt
Advertisement
Where is it happening?
Битола, Улица Крсте Мисирков 69, 1132 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic OfEvent Location & Nearby Stays:
Know what’s Happening Next — before everyone else does.

















