Сара Пеканен на Саем на книгата 2026!
Schedule
Sat, 25 Apr, 2026 at 01:00 pm
UTC+02:00Location
Arena Boris Trajkovski | Skopje, AR
Advertisement
Популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, ќе биде ексклузивна гостинка на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ на Саемот на книгата во арената „Борис Трајковски“, со што започнува одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на издавачката куќа.На средбата со македонските читатели, на 25 април (сабота), со почеток во 13 часот, ќе биде промовиран нејзиниот нов психолошки трилер „Куќа од стакло“, кој неодамна излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“. По промоцијата ќе има потпишување и дружба со авторката.
За време на гостувањето во Скопје, таа ќе одржи и мастер-клас, закажан за 22 април (среда) во 17 часот, во „Синеплекс“, во „Сити мол“. Настанот е наменет за идни и млади автори, книжевници, јазичари, книжевни ентузијасти и љубители на пишаниот збор. Присуството е со пријавување, а бројот на места е ограничен.
На 24 април (петок), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи ВИП книжевен настан со Пеканен. На 26 април (недела) во 11 часот, таа ќе биде дел од book club настан со клубот на читатели, на кој ќе се разговара за нејзиниот нов роман „Куќа од стакло“. Присуството и на овој настан е со пријавување.
Сара Пеканен ѝ е позната на македонската публика и како коавторка на бестселерите „Анонимна девојка“, „Не си сама“ и „Златната двојка“, кои ги има напишано заедно со својата пријателка и уредничка Грир Хендрикс.
Нејзиниот прв роман „The Opposite of Me“ е објавен од „Simon & Schuster“. Правата за нејзините книги се продадени во повеќе земји, меѓу кои: Кина, Австралија, Германија, Италија, Холандија, Полска, Канада, Русија и Шпанија.
Досега има објавено 15 книги - самостојни и коавторски изданија, вклучувајќи ги трилерите напишани со Грир Хендрикс. Нивните книги се бестселери на „Њујорк тајмс“, а неколку од нив се во подготовка за филмски и телевизиски адаптации.
„Куќа од стакло“ беше номинирана за наградата Goodreads Choice Award и беше прогласена за една од најдобрите книги на годината од „Амазон“. Исто така беше главен избор на Book of the Month и високо рангирана според LibraryReads.
Книгата раскажува приказна за адвокатка која застапува деца во сложени разводи и случаи за старателство. Нејзиниот нов клиент е деветгодишната Роуз Баркли, која можеби била сведок на убиство на својата дадилка. Во текот на бракоразводната битка, девојчето престанува да зборува, а адвокатката Стела Хадсон се обидува да ја открие вистината - во ситуација во која сите лажат и секој може да биде осомничен.
Книгата е достапна во поголемите книжарници и онлајн на www.literatura.mk
Advertisement
Where is it happening?
Arena Boris Trajkovski, Спортски центар Борис Трајковски, 1135 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic OfEvent Location & Nearby Stays:
Know what’s Happening Next — before everyone else does.








