Авторска средба со чешкиот писател Јиржи Хајичек
Schedule
Sat Apr 25 2026 at 12:00 pm to 03:00 pm
UTC+02:00Location
Арена Борис Трајковски - Скопје | Skopje, AR
Advertisement
📚 Авторска средба со Јиржи ХајичекСо големо задоволство ве покануваме на средба со еден од најзначајните современи чешки писатели – Јиржи Хајичек, чии романи освојуваат со својата тивка, но продорна сила.
Неговото творештво го истражува секојдневието, односите меѓу луѓето и невидливите тензии што се кријат зад навидум мирниот живот. Хајичек пишува за обични луѓе и необични ситуации – и токму затоа неговите приказни толку лесно се препознаваат и паметат.
📖 На македонски јазик во ИК Славика либрисс е достапни неговите книги: „Змеј на селскиот пат“ и „Едрилица на етикети“
✍️ На средбата ќе имате можност да разговарате со авторот, да слушнете за неговиот креативен процес и да добиете потпис на вашата омилена книга.
📅 25 април 2026
🕛 12:00 часот
📍 Промо центар, Арена „Борис Трајковски“, Скопје
🖋️ За авторот
Јиржи Хајичек е роден на 11 септември 1967 година во Ческе Будјовице – град што и денес останува негов дом и неисцрпен извор на инспирација. Започнува како поет, а подоцна се насочува кон прозата, каде што го гради својот препознатлив, тивок и длабоко емотивен стил.
Има објавено три збирки раскази и повеќе романи, а двократен е добитник на престижната награда „Магнезија литера“ за романите „Селски барок“ и „Рибја крв“. Неговиот роман „Повикувач на дожд“ беше прогласен за Книга на годината во анкетата на „Lidové noviny“.
Неговите дела се преведени на повеќе јазици и имаат силен прием кај читателите ширум Европа. Дел од нив добија и филмски и театарски адаптации, меѓу кои и „Крадците на зелени коњи“. Со најновиот роман „Змеј на селскиот пат“, Хајичек уште еднаш ја потврдува својата чувствителност за малите човечки судбини и тивките драми на секојдневието.
Настанот се реализира со поддршка на Чешкиот книжевен центар и Амбасадата на Чешката Република во Скопје.
Ве очекуваме!
Advertisement
Where is it happening?
Арена Борис Трајковски - Скопје, Улица Питу Гули 48, 1109 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic OfEvent Location & Nearby Stays:
Know what’s Happening Next — before everyone else does.








