Системско скулптурирање & семејни констелации 16 мај
Schedule
Sat, 16 May, 2026 at 10:00 am
UTC+02:00Location
ПсихоФокус | Skopje, AR
Advertisement
Психата – душата – е центарот на нашата благосостојба.Како што расте свесноста за себе, така се менуваат и нашите односи.
Одговорите за љубовта, изборот на партнер и повторувачките ситуации ретко се само во умот — тие лежат во нашите длабоки внатрешни структури и динамики.
Овој пат ве покануваме да ги погледнете на поинаков начин.
Ќе работиме со системско скулптурирање – нов, моќен и длабоко искуствен метод на работа, инспириран од моделот на Вирџинија Сатир, како и со семејни констелации.
Што е различно?
🔹 Системското скулптурирање ги поставува односите во простор. Преку позиционирање на луѓе и улоги, телото ја открива вистината пред умот.
Се гледа:
🌟кој носи туѓ товар
🌟кој се повлекува
🌟кој се бори
🌟кој останал во позиција на дете....
Навистина ќе доживеете "аха" искуство.
🔹 Семејните констелации откриваат длабоки системски лојалности и несвесни обрасци.
Тие покажуваат зошто нештото се повторува.
📌 Скулптурирањето покажува како функционираме
📌 Констелациите покажуваат зошто се случува
Методите се слични, но различни — и токму затоа заедно даваат силна јасност.
Што ќе истражуваме
• семејната динамика и влијанието врз избор на партнер
• улогите што несвесно ги преземаме
• внатрешни делови и его-состојби
• повторувачки обрасци во љубовта
• нови перспективи и избори
Ова еуниктна работилница и нешто сосема различно.
Понекогаш не ви треба нов совет — туку нова перцепција за себе ис воите релации.
Кога и каде
16 мај (сабота) 2026
10:00 часот
„Психофокус – Центар за психотерапија и советување“, Скопје
Учество
💠 Поставување лична работа: 3000 мкд
💠 Учество како претставник/набљудувач: 1500 мкд
Водители на работилницата:
👩🦰 Билјана Пешева – автор, тренер, јога инструктор и терапевт во семејни констелации, со над 25 години искуство во личен развој, ментално здравје и холистички практики.
👩⚕️ Анета Начевска – специјалист по медицинска психологија, системски семеен терапевт и долгогодишен практичар во индивидуална и групна психотерапија.
🌿преку Клубот „Патот на Душата“ каде работиме со длабоко исцелителни и психотерапевтски методи, каде секој учесник добива уникатен увид и нова перспектива за темите што ги обработува.
Клубот е патување кон себе и своето еволуирање на емотивно и ментално поле.
🎯 Нашата цел е враќање на автономноста и автентичноста – и кај жените и кај мажите.
Искрено, тука не правиме разлика: двата пола се подеднакво важни за подобрување на целокупната добробит во општеството.
Без разлика на темата, работиме на развивање на основните психолошки капацитети:
✨ Свесност – реално согледување на сегашниот момент
🌱 Спонтаност – слободно и автентично изразување
💞 Интимност – искрено поврзување без игри и манипулации
🧭 Одговорност – преземање одговорност за сопствениот живот и избори
Овие капацитети се основа на Трансакциската анализа – нашата прва љубов и местото каде што јас и Анета Начевска се запознавме пред повеќе од 25 години.
💛 Пишете ми ако сакате да се вклучите во Клубот „Патот на Душата“ 😄
Ако чувствувате дека нешто во вашите односи се повторува, можеби е време да го видите од друга перспектива.
Добредојдени сте
резервирајте го вашето место во порака 070234740
Advertisement
Where is it happening?
ПсихоФокус, бул. Кочо Рацин 20/6 ,Skopje, North Macedonia, Macedonia, The Former Yugoslav Republic OfEvent Location & Nearby Stays:
Know what’s Happening Next — before everyone else does.







