Прв Меморијален Планинарски Марш ,,Ивона Антова 2026,,
Schedule
Sun Mar 15 2026 at 08:00 am to 05:00 pm
UTC+01:00Location
Пониква Осогово | Kyustendil, KY
Advertisement
16 март – ден што не се заборава
Постојат датуми што не минуваат.
Постојат рани што времето не ги лечи.
На 16 март се навршува една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани – ноќ во која згаснаа 63 млади животи. Меѓу нив беше и нашата Ивона Антова. Дете со сон, со насмевка, со планина во срцето.
Ивона не припаѓаше на тишината. Таа припаѓаше на врвовите.
На ветрот. На чекорот што оди напред, дури и кога е тешко.
На само 12 години го искачи својот прв врв – Царев Врв. Потоа следеа Руен, Мусала, Кораб, Титов Врв, Љуботен… но највисокиот врв што Ивона го достигна беше човечноста. Таа беше светлина за помладите, рака што туркаше напред, глас што велеше: „Можеш.“
Не го признаваше „не можам“.
Не се откажуваше.
Не се плашеше од височини – затоа што нејзината душа беше висока.
Една година подоцна, болката е иста. Празнината е иста.
Но и обврската е иста – да не заборавиме.
Затоа, ПСК Осогово во чест на Ивона Антова го организира Првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова“ – 2026, на Пониква, до местото каде ќе се изгради меморијалниот паметник „Ангели“.
Овој марш не е само чекор по планина.
Овој марш е чекор против заборавот.
Чекор за сите деца што не стигнаа да пораснат.
Чекор за Ивона – која денес не чекори со нас, но нè учи како се оди исправено.
Додека се искачуваме, таа ќе биде со нас.
Во секој здив. Во секој чекор.
На секој врв.
Комплетна програма ке биде накнадно објавена
Advertisement
Where is it happening?
Пониква Осогово, Probistip, Kyustendil, BulgariaEvent Location & Nearby Stays:
Know what’s Happening Next — before everyone else does.
