Традицонално искачување на врв Руен
Schedule
Sun Sep 14 2025 at 07:00 am to 04:00 pm
UTC+02:00Location
Тораница | Kyustendil, KY
Advertisement
На ден 14.09.2025(недела) ЗПСК ”Калин Камен 2015” има чест да ве покани на Традиционалната акција искачување на врв Руен . До стартната точка на акција машинската зграда над рудник Тораница води асвалтиран пат од 20км каде може да се остават возилата. План и прогрма за акцијата :
- 07:00 -14.09.2025 (недела) собирање пред општина за членовите на ЗПСК ”Калин Камен “ и сите заинтересирани планинари од Крива Паланка и останатите градови, тргнување кон Тораница
-08:00- собирање на планинарите и старт на акцијата кај месноста наречена машинска кај рудникот Тораница
-патеката е долга околу 9 км во еден правец (од 2:30 до 3 часа искачување)
-на патеката има 1 извор на вода секој треба да си носи барем 1 литар вода
- 13:30-затварање на врвот
Пристигнување кај рудник Тораница околу 16 часот
Доколку има заинтересирани за враќање преку Царев врв до Крива Паланка може да се формира група во договор со водичите и тие најкасно треба да тргнат од врвот Руен во 12:00.
-Сите пријавени лица учествуваат на сопствена одговорност на искачувањето.Секој треба да има планинарски чевли и соодветна облека според временските услови.
-ИСХРАНА :
- Секој сам си носи храна во ранец
-Доколку некој планинар или група на планинари не ги почитуваат инструкциите на водачите ќе се сметаат за исклучени од планинарската акција и ЗПСК Калин Камен не носи никаква одговорност за последиците.
-Организаторот го задржува правото за измена на акцијата или насоката на движење во зависност од временските услови.
Организираните групи кои доаѓаат од другите градови ќе треба најдоцна до 13.09.2025 година да ни достават список на учесници. Дел од патеката е во близина на граничната линија, поради што е задолжително сите учесници со себе да имааат документи за лична идентификација а за печат од врвот со себе носете членска книшка.
Лица за контакт:
Драган 072-313-769
Теодор 070-344-188
Advertisement
Where is it happening?
Тораница, Kyustendil, BulgariaEvent Location & Nearby Stays: